25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМеталург со убедливи 30:21 го совлада големиот ривал Вардар

Металург со убедливи 30:21 го совлада големиот ривал Вардар

vardar-metalurg

Ракометарите на „Металург“ со убедливи 30:21 го совладаа големиот ривал и актуелен македонски шампион „Вардар“.

По оваа победа „Металург“ се изедначи по бројот на бодовите со „црвено-црните“, но во меѓусебните дуели има подобар ефект, бидејќи „Вардар“ на домашен терен победи само со еден гол разлика.

Дербито беше неизвесно само во првите 7-8 минута, а потоа екипата од Автокоманда влезе во ритам и до крајот на првото полувреме направи солидна предност од 16:11.

Иста слика и во второто полувреме. Вардарци не најдоа начин да ги сопрат разиграните противнички играчи. Тактиката на тренерот Лино Червар функционираше беспрекорно, одбраната цврста, нападот брз и експлозивен за во неколку наврати предноста на „металурзи“ да биде и двоцифрена.

Предводници во победничкиот состав беа Ренато Вугринец со 8 и Дејан Манасков со 6 погодоци. Четири пати реализираа Гоце Георгиевски, Филип Миркуловски и Павел Атман.

За „Вардар“ Игор Карачиќ даде 6 голови, по четири постигнаа Тимур Дибиров, Филип Лазаров и Матјаж Брумен.

Доколку не се случи некое големо изненадување до крајот на плеј-офот во Супер лигата, „Металург“ по шести пат ќе ја освои шампионската титула и ќе му се приближи на „Вардар“ кој осум пати бил на тронот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП