19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ: Историски ниската каматна стапка останува

ЕЦБ: Историски ниската каматна стапка останува

European Central Bank

Европската централна банка (ЕЦБ) денес ја задржи референтната каматна стапка на историски минималното ниво од 0,25 проценти.

Комитетот на ЕЦБ, исто така, се воздржа од нови монетарни поттикнувања, откако последните податоци потврдија дека закрепнувањето на Европа зема замав, пренесува агенцијата АП.

Аналитичарите оценуваат дека намалувањето на каматните стапки би можело да даде мал поттик за економскиот раст, бидејќи така би се намалиле трошоците за задолжување за банките и компаниите.

Тоа, исто така, ќе допринесе за пад на вредноста на еврото, кое во последно време зајакна. Слабото евро е од корист и за извозниците, но и за поттикнување на инфлацијата, која во моментов е на ниво од 0,7 проценти, што е значително под зацртаната цел на ЕЦБ од два проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП