25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМакедонија на 80.место на ФИФА рејтинг листата

Македонија на 80.место на ФИФА рејтинг листата

makedonija_reprezentacija

Репрезентацијата на Македонија го задржа истиот пласман – 80.место на ранг листата за месец мај објавена денеска од страна на Светската фудбалска федерација (ФИФА).

Од противниците на „црвено-жолтите“ во квалификациите за ЕУРО2016 и натаму најдобро пласирана е Шпанија, која воедно е и лидер на оваа табела.

Украина е на 17.место, Словачка е 46.та, Белорусија е 83.та, а најслабо рангиран е Луксембург кој се наоѓа на 112.место.

Во ТОП 10 покрај Шпанија редоследно се и репрезентациите на: Германија, Португалија, Бразил, Колумбија, Уругвај, Аргентина, Швајцарија, Италија и Грција.

Следното рангирање ФИФА ќе го направи на 6 јуни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП