28 март, 2024
ПочетнаДИЕТИДИЕТА: Млечна диета

ДИЕТА: Млечна диета

mlekomlechnadietag4rg4r4g4r

Ако сакате брзо да ја намалите тежината, a да не потрошите премногу денови за тоа (значи повторно брза и кратка диета), можете да ја користите млечната диета. Ефектот од оваа диета е намалување на околу 2 кг за три дена.

Да почнеме од основното прашање: Што е млекото ?

На прво место млекото е важен и корисен производ за човекот. Во составот на млекото се наоѓаат витамините А, Б, Ц, Е, калциум како и многу минерали и протеини. Пиењето на 1 литар млеко дневно, целосно ги задоволува потребите на организмот за протеини. Млечните производи исто така позитивно влијаат на целиот систем за варење па било да го користите млекото со цел намалување на килограмите или нешто друго, сепак тие би требало да бидат застапени барем во еден оброк во некоја од различните форми (сирење, кисело млеко, јогурт…).

Млечната диета го намалува нивото на холестерол во крвта, ги јакне коските, нервниот систем, ја нормализира функцијата на цревата и ја унапредува микро флората. Исто така, оваа диета ја подобрува кожата, па дури и помага за ослободување од акните. Затоа млечната диета е многу популарна.

Со користењето на млекото и млечните производи во текот на оваа диета не само што ќе намалите од вишокот на килограмите, туку и ќе го снабдите своето тело со корисни материи, со што ќе го подобрите своето здравје.

 mlechniproizvodi54

Млечна диета – пример на мени

Пред секој оброк, да се испие чаша негазирана минерална вода.

 

Појадок: 1 јогурт, 1 банана, чај со мед или кафе со млеко, без шеќер.

Ручек: 100 гр овесна каша во вода или млеко,2 00 гр сирење, 1 шоља млеко.

Вечера: 1 варено јајце, салата од краставици прелиена со природен јогурт или свежо сирење со овошје, 1 шоља кисело млеко.

Вечерен оброк: 1 круша , 2 дцл јогурт.

 

Упатства и совети

 

– Во текот на млечната диета треба да ги намалите физичките напрегања и да престанете да се занимавате со спорт (што и не е некоја голема пауза со оглед на тоа што диетата трае 3 дена).

– Кога сте на млечна диета бањајте се почесто. Така може да го ослободите стресот од чувството на глад, а водата ќе измие се што доаѓа од организмот бидејќи се интензивира чистење на организмот по пат на кожата.

– Млечната диета може да ја повторите за 7 – 10 дена после тридневниот циклус.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП