20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПСЖ порача - Кавани не е на продажба!

ПСЖ порача – Кавани не е на продажба!

kavani pehar

„Светците“ несакаат да се откажат од човекот кога го доведоа пред почетокот на минатата сезона, па со тоа завршија шпекулациите дека одличниот Уругваец ќе го засили Манчестер Јунајтед.

Во последните месеци се почесто се слушаа гласини дека Едисон Кавани ќе го напушти „Паркот на принцовите“.

Причините беа толкувани како најверојатно незадоволство на самиот играч, кој несака да биде резерва на Златан Ибрахимовиќ, како и на тоа дека не игра на својата природна позиција. А исто така стануваше збор дека ПСЖ ќе биде приморан да продаде некои од своите играчи за да ја почитува одлуката на УЕФА за казната поради прекршувањето на финансискиот ферплеј.

Имено, Французите ќе мораат да платат 80 милиони фунти до следната година, за да немаат драстични последици, па се веруваше дека со продажбата на Кавани ќе можат да финансираат дел од паричната казна.

Сепак, пораката која пристигна од „Паркот на принцовите“ е јасна.

„Клубот нема да го жртвува Едисон Кавани поради финансискиот ферплеј, а за финансиската казна дополнително ќе излеземе со соопштение“, рече Лоран Блан.

Наместо Кавани, клубот најверојатно ќе ги продаде Езекијел Лавеци и Хавиер Пасторе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП