19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСања се договори, заминува кај Клиши и Насри!

Сања се договори, заминува кај Клиши и Насри!

bakari sanjata

Уште еден „топџија“ ќе се пресели во редовите на „граѓаните“, а најверојатно тоа е Бакари Сања.

По повеќемесечни шпекулации за неговата судбина, Французинот сепак одлучи да не го продолжи договорот со Арсенал.

Како што објавија француските медиуми, дефанзивецот на Арсенал се одлучил својата кариера да ја продолжи на „Етихад“ и да го облече дресот на Манчестер Сити.

Искусниот 31-годишен фудбалер имаше понуда од својот клуб, но сепак одлучил како слободен играч во текот на ова лето да ја промени средината.

За неговите услуги интерес покажаа многу клубови од странство, но Сања сепак одлучи да остане во Англија и да им се придружи на своите некогашни соиграчи, Клиши и Насри.

Сања најверојатно добил повеќегодишна понуда од страна на клубот од „синиот“ дел на Манчестер каде ќе се пресели пред стартот на Мундијалот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП