25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМеси ќе потпише нов договор, но има посебни услови за тоа

Меси ќе потпише нов договор, но има посебни услови за тоа

SEVILLA VS BARCELONA

Според информациите кои пристигнуваат од Шпанија, преговорите околу новиот договор на Лионел Меси со Барселона навлегле во други димензии. Аргентинецот не само што сакал подобрување на финансиските параметри на договорот, како и продолжување за 1 година, тој имал поставено и услов за тоа со кои играчи сака да ја споделува соблекувалната на „Камп Ноу“.

Неименувани извори велат дека четирикратниот носител на Златната топка преговарал за нов договор кој ќе биде со важност до 2019-та година, а тој по сезона ќе добива по 20 милиони евра.

Уште 4 милиони евра Меси може да добива на година во форма на бонуси. Новиот договор се очекува да биде потпишан за неколку дена за да може Меси мирно да се подготвува за Светското првенство во Бразил.

Но, за време на преговорите за новиот договор Меси го замолил раководството на Барселона да го купи напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро, а исто така да се продолжи договорот на голманот Хосе Пинто, кој е негов близок пријател.

Во последните неколку денови се најавува „чистка“ во тимот од „Ноу Камп“ според која 13 фудбалери ќе си заминат од Барселона, па останува да се види дали Меси ќе биде еден од главните креатори на екипата за следната сезона.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП