20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈутарњи лист: Хрватскиот министер за финансии го оштети буџетот за 3,55 милиони...

Јутарњи лист: Хрватскиот министер за финансии го оштети буџетот за 3,55 милиони евра

Slavko-Linic-Croatian-Finance-Minister

Хрватскиот министер за финансии Славко Линиќ ја оштетил државата за 27 милиони куни (3,55 милиони евра), тврди загребскиот весник „Јутарњи лист“, повикувајќи се на тајни документи.

Линиќ, кој е еден од најблиските соработници на хрватскиот премиер Зоран Милановиќ, според весникот, лично ја потишал одлука за пребивање на даночен долг на словенечката фирма „Спачва“ од 33 милиони куни (4,3 милиони евра) со замена за земјиште.

Документите кои ги поседува „Јутарњи лист“ потврдуваат дека Линиќ лично ја донел и ја потпишал одлуката врз основа на која Министерството за финансии загубило најмалку шест милиони куни (790.000 евра), а вкупната штета би можела да се искачи и до 27 милиони куни (3,55 милиони евра).

Станува збор за најголема афера на актуелната Влада, за која веќе е покрената интерна истрага, а наскоро би можеле да бидат вклучени и полицијата и Јавното обвинителство. За расветлување на оваа ситуација се разгоре војна во Владата, која ја загрозува и стабилнсота на владејачката Социјалдемократска партија (СДП), неведува весникот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП