19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСилен раст на вработеноста во САД

Силен раст на вработеноста во САД

sad123

Во САД во април оваа година вработеноста порасна со најбрзото темпо во последните две години, додека стапката на невработеноста е намалена на најниското ниво во последните пет години, што укажува на силно закрепнување на американските економски активности на почетокот на вториот квартал.

Американските работодавци во април отвориле 288 илјади нови работни места, што е најмногу од јануари 2012 година, се вели во соопштението на американското Министерство за труд.

Најмногу нови отворени работни места се забележани во јавниот сектор каде се вработиле нови 15,000 лица, а во производството нови 12,000 лица. Градежниот сектор отворил нови 32,000 работни места, но овој тренд се очекува да биде намален поради тоа што изградбата на станови губи на интензитет.

Истовремено, стапката на невработеност се намалила за 0,4 процентни поени, на 6,3 проценти, односно на најниската стапка од септември 2008 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП