20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТутунски Скопје, Мермерен комбинат и скопска Пивара добитници на национална награда за...

Тутунски Скопје, Мермерен комбинат и скопска Пивара добитници на национална награда за безбедност при работа

Tutunski Kombinat TKS_509

Империал Тобако ТКС, Мермерен Комбинат – Прилеп и Пивара Скопје се добитници на Националната награди за добра пракса на безбедност и здравје при работа, организирани од Македонското здружение за заштита при работа.

Наградите им беа врачени денеска на одбележувањето на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа.

Годинашна тема на Светскиот ден е безбедност и здравје при работа при употреба на хемиски супстанци.

Македонското здружение за заштита при работа го претстави Извештајот за несреќи при работа во 2013 во Македонија, кој веќе седма година самоиницијативно го изработува и публикува. Како што наведуваат во соопштението според податоците од извештајот во Македонија и понатаму се гине на работното место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП