19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа енергетска ефикасност во градежништвото потребни 9.600 квалификувани работници

За енергетска ефикасност во градежништвото потребни 9.600 квалификувани работници

gradezni-rabotnici-izgradba

– За енергетска ефикасност (ЕЕ) во градежниот сектор обука треба да поминат 9.600 работници, соопшти денеска Стопанската комора на Македонија која стартува со втората фаза од проектот „Build up skills“.

Компаниите најмногу бараат фасадери, столари, стаклари, електричари, покривачи на кровови, термоизолатори, инсталатери, електромонери и инсталатери на соларна енергија, но тие најчесто, по стекнувањето знаења во делот ЕЕ и обновливи извори на енергија (ОИЕ), заминуваат во странство за поголеми плати.

– Според проекциите за остварување на енергетските цели во секторот високоградба, неопходно е да се обучат најмалку 20 проценти од работниците или 1.500 до 2.800 годишно, истакна Ирена Мојсовска, координатор на проектот.

Анализите покажуваат дека објектите се најголеми потрошувачи на електрична енергија.

– Околу 36,13 проценти треба да се намали потрошувачката во објектите за да се постигнат таргетите што ги има зацртано Македонија во рамки на ЕУ стратегијата, нагласи Јадранка Аризанковска, менаџер на „Build up skills“.

Според Марија Петроска од Стопанската комора, во Македонија законската регулатива за енергетски ефикасни згради е веќе заокружена.

– Согласно законските акти, во делот на високоградбата не може да се донесе одобрение за градење ако нема елаборат за градежна физика. Во догледно време, секој објект, особено оние за домување, ќе мора да имаат пасош како доказ дека се енергетски ефикасни. Така ќе можат и да се продаваат, потенцира Петроска и изрази убедување дека градежните фирми ќе направат напор за максимална обука на своите работници, но и за нивно задржување.

Втората фаза од „Build up skills“ предвидува до 2015 година да се спроведат пет типа обуки во градежниот сектор, обвивка на зграда, застаклување, кров, електрична инсталација, греење, вентилација и ладење. Толку се избрани од претходно дефинираните 10 најдефицитарни.

Најпрво ќе се обучуваат тренери кои потоа своето знаење ќе им го пренесат на работниците.

Проектот го иницира ЕУ и ќе трае две години. Од регионот ќе го имплементираат само Македонија и Хрватска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП