29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКСС ги разгледува можните локации за браунфилд инвестицијата во Кичево

КСС ги разгледува можните локации за браунфилд инвестицијата во Кичево

kss2

Глобалниот производител на безбедносни системи за автомобилската индустрија Кеј Сејфти Систем (КСС), кој неодамна ги објави плановите да инвестира во Македонија, во изминативе три дена ги разгледуваше можните браунфилд локации во Кичево каде првично ќе стартува со производство.

Одговрниот за производството во КСС, Џим Скарпа во Кичево се сретна со локални градежни фирми кои во текот на идната недела треба да им дадат понуда за времетраењето и трошокот за адаптирање на браунфилд локацијата што ќе ја одберат. Адаптацијата треба да биде готова до почетокот на јули годинава.

– Планираме да започнеме со работа на браунфилд локацијата при крајот на третиот или на почетокот на четвртиот квартал од годинава. Паралелено ќе работиме и на гринфилд делот кој треба да биде оперативен на крајот на вториот квартал од 2015 година, рече Скарпа на денешната прес-конференција.

Тој посочи дека се на се за овој проект планираат да вработат помеѓу 800 и 1.000 лица.

– Тука сум со дел од мојот тим за поддршка да работиме на организациските работи околу банкарските и комерцијалните прашања во врска со градежните работи на браунфилд локацијата, посочи Скарпа.

Директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Виктор Мизо информира дека во Кичево Скарпа паралелно имаше и голем број состаноци со градежни фирми, како и со локални архитектонски фирми за да добие понуди за времетраењето на градбата и проектирањето на гринфилд инвестицијата во Слободната економска зона во Кичево, врз основа на дизајнот кој веќе е направен од нивната компанија.

– Се работи за објект од околу 12.500 метри квадратни, со многу слична големина на објектот на Џонсон Контролс во Штип, кој во јули треба да почне да се гради. Ја посетивме и Слободната економска зона во Кичево за да ги видат активностите кои ние ги преземаме за градење на инфраструктурата се со цел пред крајот на вториот квартал од идната година зоната да биде целосно функционална за тие да можат да започнат со работа, рече Мизо.

Најави дека во втората половина на мај ќе оди во Детроит за да се завршат сите детали околу договорот и се што е потребно за официјално започнување на инвестицијата на КСС во Кичево.

– Се надевам дека во блиска иднина ќе се започне со регрутирање на луѓе за менаџерскиот тим, а потоа и на луѓето кои ќе се поврзани со производството, потенцира Мизо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП