18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономската состојба на деловните субјекти во март поповолна од февруари

Економската состојба на деловните субјекти во март поповолна од февруари

zavod-statistika

Раководителите ја оценуваат економската состојба на деловните субјекти во март 2014 година како поповолна во однос на претходниот месец, а како понеповолна во однос на март 2013.

Оценката за обезбеденоста на производството со порачки е поповолна во однос на претходниот месец, додека за обемот на производството во март 2014 година е понеповолна во однос на претходниот месец.

Според Државниот завод за статистика, очекувањата на раководителите за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни, а за бројот на вработените се понеповолни.

Минатиот месец залихите на суровини и репроматеријали, како и тековните набавки на суровини и репроматеријали се под и околу нормалата. Залихите на готовите производи се намалени во однос на февруари 2014 година.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во март 2014 година изнесува 59,8 отсто од нормалното искористување.

Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имаат недоволната странска побарувачка со 25,7 проценти, недоволната домашна побарувачка со 18,3, финансиските проблеми со 9,7 и неизвесното економско опкружување со 7,4 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП