29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКолку би платиле за еден ручек со Тим Кук?

Колку би платиле за еден ручек со Тим Кук?

tim kuk rucek

Извршниот директор на „Apple“, Тим Кук, е подготвен да руча со вас и вашиот пријател во седиштето на компанијата, но тоа „задоволство“ ќе ве чини многу.

Имено, Кук го понудил своето време на „online“ аукција во рамктите на Осмата Аукција за човекови прави на Центарот – Роберт. Ф. Кенеди.

Најупорниот учесник на аукцијата ќе добие едночасовен ручек во „Caffe Macs“, кафулето во седиштето на „Apple“, со Тим Кук со кој ќе може да разговара на секоја тема.

Иако „startup“ компаниите и претприемачите веројатно ќе сакаат ваква шанса, но можноста за ручек ќе ја добие оној кој ќе понуди најмногу.

Инаку, минатата година, полчасовното пиење на кафе со Кук во кампусот на „Apple“ беше продадено по цена од 73.000 долари, исто така во рамките на истата добротворна аукција.

Сепак, цената на оброкот е пресметана во износот, но патувањето и сместувањето не се.

Со „ситни букви“ во договорот ќе пишува дека состанокот би можел да се реализира и до една година по добиената аукција.

Доколку високата цена и неповолните услови на договорот не ве спречуваат, на оваа интернет страна можете да конкурирате за ручек со Кук.

https://www.charitybuzz.com/TimCook

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП