25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБогева-Мицовска: Транспарентноста на јавните набавки на високо ниво

Богева-Мицовска: Транспарентноста на јавните набавки на високо ниво

bogevamicevagju54g

Јавните набавки во Македонија се транспарентни. Транспареноста од аспект на спроведување на постапката е на високо ниво. Дваесет проценти од набавките се спроведуваат целосно електронски. Минатата година се објавени 18.500 огласи чија вредност според склучени договори е 52 миијарди денари.

Ова го истакнува директорката на Бирото за јавни набавки Маре Богева Мицовска во интервју за МИА.

– Јас долги години работам на оваа материја и лично сметам дека ова што го направивме во изминатиот период со електронскиот систем за јавни набавки и со силната поддршка што ја имвме од Владата, од аспект на генерирање на ваков систем самото тоа покажува дека сме направиле навистина транспарентен систем од аспект на транапареност на податоци и транспареност на известување за склучени договори. Сметам навистина дека ако споредите со земјите од регионот Македонија е на прво место од аспект на користење на електронскиот систем за јавни набавки. Со електронскиот систем веќе не може да скрие ништо од аспект на објавен оглас, од аспект на спроведена електронска постапка. Бројот на спроведени електронски постапки целосно спроведени од година во година оди во нагорна линија, значи одиме кон 20 проценти, што не е мала бројка. Така што транспарентноста е испочитувана од аспект кој со кого склучил договор, на која сума. Целосната електронската ауцкија е јавна и не е ништо скриено. Безбедноста на системот е на високо ниво имајќи предвид дека оваа работа не ја оставаме на случајност. Така што транспаркеноста од аспект на спроведување на постапките е на високо ниво. Многу често читам луѓе кои ја следат оваа област го користат терминот дека јавните набавки се нетранспарентни. Јас лично не можам да се согласам со тој факт. Зашто ако направиме една компарација како сме функционирале претходно и како е сега кога дури и за до 5.000 евра набавките мора да се реферира на полугодишно ниво за што се потрошиле пари. Така што не е сега така комотно да се трошат јавните средства и при тоа нема да дознае никој или ќе ги ставиме во фиока постапките и нема да ги види никој, вели Богева Мицовска во интервјуто.

Од вкупно спроведените јавни набавки 9.559 биле до 5.000 евра.  Доминираат набавките за работи кои се однесуваат на градежни работи.

Најмногу преовладуваат набавката на работа бидејќи тие се по вредност големи. Капиталните објекти креваат на вредност и автоматски избиваат над другите. Во 2013 имаме по вид на договор 39 проценти за работа, 38 проценти за стоки и 23 проценти за услуги.

Богева – Мицовска посочува дека е важно што во голем број случаи договорите се склучени со странски компании. Така што кај 8.200 случаи склучени се договори со македонски компании, во 67 со компании од ЕУ и 250 со компании надвор од ЕУ, односно од Кина, Украина и слично.

Потенцира дека во нагорна линија се постапките кои се одвивале целосно електронски. Така во 2013 година има објавени 2.560 или 15 проценти од вкупно објавените огласи. Таа бројка во 2012 изнесуваше 1.978, а во 2011 имало 1.020 вакви постапки.

Во текот на 2013 година се спроведени 34.288 аукции или просечно по 130 аукции дневно.

Во 2013 година поништени се 3.500 постапки или околу 19 проценти. – Најчесто, истакнува, биле поништувани бидејќи не била поднесена прифатлива или соодветна понуда или не е поднесена ниту една понуда, вели Богева – Мицева.

Очекува дека наредната година ќе има помала бројка, бидејќи 1.203 постапки кои биле поништени не била поднесена ниту една прифатлива или соодветна понуда.

На второ место, како што вели, е поништување поради неподнесена ниту една понуда и тоа во 780 случаи, што, според неа, не е мала бројка и системски очекува дека ќе има подобрување.

Најавува дека сега ќе работат на развој на мобилна верзија на системот.

– Ова е иден план, бидејќи секојдневно, а и бројките кажуваат дека ова е апликација која на фирмите кои учествуваат на тендери мора да им биде достапна во секој момент, истакнува во интервјуто за МИА директорката на Бирото за јавни набавки Маре Богева Мицовска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП