20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГруевски:Нова инвестиција со 5000 вработувања

Груевски:Нова инвестиција со 5000 вработувања

gruevski545

Турската компанија Веибо груп ќе реализира инвестиција од 400 милиони долари во Македонија со нови 5.000 работни места, најави премиерот Никола Груевски.

Одлуката за оваа инвестиција ја објави денеска турската компанија, која ќе отвори свои капацитети во североисточниот дел од земјата. Се занимава со производство на кошули, костуми, палта, јакни, панталони. Производството ќе се пласира на пазарите во САД, Велика Британија, Франција, Германија, Русија, Италија, Шпанија, Кина, Јужна Кореја и Јапонија.

– Нашата првенствена задача како влада и политичари е подобрување на стандардот на граѓаните. Мој личен фокус беше и останува раст на економијата и отворањето нови работни места. Исклучително се вредни миговите кога се прават конкретни резултати на тој план, рече премиерот Груевски.

Првичната инвестиција ќе биде 180 милиони долари, а во рок од пет години вкупните инвестиции во Македонја ќе бидат 400 милиони долари. Во рок од пет години се очекува извозот да достигне 600-800 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП