20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтаврески: 1.000 нови работни места во Прилеп во следните 6 до 9...

Ставрески: 1.000 нови работни места во Прилеп во следните 6 до 9 месеци

stavreskizokizoranstavremk8uh98phg

– Во следните шест до девет месеци ќе се отворат 1.000 нови работни места за прилепчани. Ова при посета на Прилеп го изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Тој истакна дека е очигледно оти амбиентот за бизнис во Прилеп се подобрува, бидејќи, како што рече, само последните неколку дена четири компании почнаа изградба на капацитети во индустриската зона Прилеп 1.

Ставрески посочи дека можност за вработување прилепчани ќе имаат и во Дрекселмаер.

– Имам добра вест за прилепчани, 500 до 600 работни места во Дрекслемаер ќе бидат пополнети со кадар на луѓе од Прилеп. Тоа го договоривме на вчерашната средба со

раководството на Дрекселмаер, да се даде приоритет на луѓето од Прилеп, односно оние кои се невработени да најдат работно место во Дрекселмаер, рече вицепремиерот Ставрески.

Тој потенцира дека Владата и понатаму останува отворена за нови инвестиции, како за странски, така и за домашни. На инвеститорите кои ќе отвораат нови работни места ќе им се дадат најповолните услови за инвестирање и на овој начин ќе се решава проблемот со невработеност на младите.

Вицепремиерот ја поздрави инвестицијата на Филип Морис во Тутунскиот комбинат Прилеп и истакна дека со влезот на овој светски бренд во Комбинатот значително ќе се подобри неговата состојба.

– Со влезот на Филип Морис во Тутунскиот комбинат од Прилеп имаме еден стабилен партнер кој ќе ја обезбеди стабилноста и ликвидноста на Тутунскиот комбинат, ќе се обезбеди поголем откуп на тутун и со тоа задржување на работните места и подобар резултат на Тутунскиот комбинат во иднина, изјави Ставрески.

Вицепремиерот денеска ги посети и Прилепска пивара, Еурокомпозит и Тутунскиот комбинат во Прилеп.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП