25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИГолем пад во продажбата на таблети во првиот квартал

Голем пад во продажбата на таблети во првиот квартал

tablet-prodazba

Во денот кога „Apple“ објави пад на продажбата на нивниот „iPad“ модел, „Digitimes“ објави извештај според кој светската испорака на таблети во првиот квартал имала значаен пад.

Според податоците, глобалната испорака на таблети во првиот квартал од годината била пониска за дури 30 проценти во однос на минатата година. „Apple“ пријави дека продале 16.3 милиони примероци на „iPad“, што е голем пад во однос на 19.5 милиони уреди за истиот период од минатата година.

Од другите производители биле испорачани 22 милиони таблети, при што исто така е забележан пад од 20 проценти во однос на претходното тромесечие, но и зголемување за 30 проценти во однос на истиот период од 2013-та година.

„White-box“ таблетите се продадени во 20 милиони примеоци, што доведува до вкупна продажба од 58 милиони таблети во првиот квартал, која е навистина зголемена за 4.6 проценти за истиот период од минатата година, но опадна за дури 30 проценти во однос на минатиот квартал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП