24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧелзи се засилува во Андалузија!?

Челзи се засилува во Андалузија!?

alberto-moreno-sevilla-3

Медиумите во Шпанија и Англија објавија дека левиот бек на Севиља, Алберто Морено е многу блиску до заминување на „Стемфорд Бриџ“ и дека „сините“ од Лондон за него ќе понудат 15 милиони евра.

Морено го поврзуваат со Челзи од кога Мурињо се врати на кормилото на овој клуб.

„Специјалниот“ нема повеќе толку доверба во Ешли Кол, па на позицијата лев бек почесто од него игра Цезар Аспиликуета, иако десната му е посилна нога.

Алберто Морено (21) забележа еден настап за репрезентацијата на Шпанија, а покрај Челзи за него интерес покажува и Реал Мадрид.

Тој е еден од најстандардните фудбалери на Севиља, која игра одлично оваа сезона, а за што сведочи и борбата за четвртото место во Примера кое води во Лигата на шампионите (моментално се петти со три бода помалку од Билбао), како и пласманот во полуфиналето од Лига Европа каде ги очекува двомеч со Валенсија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП