28 март, 2024
ПочетнаКОЛУМНИКако да одберете во која валута ќе штедите пари?

Како да одберете во која валута ќе штедите пари?

stednja

Oдлуката во која валута може да штедите во банка зависи од понудата на пазарот и довербата на финансиските институции за одредени валути.

За пазарите кои имаат доминантна и стабилна домашна валута, која нема големи осцилации на курсот, и валутата не е загрозена од високата инфлација, вообичаено е да се штеди во неа.  Меѓутоа во земји како Македонија, во кои ,,резервната” валута доминира, не е невообичаено да се штедат пари во странска валута. Некогаш се крстевме во германската марка, и народот трчаше денарите од платата да ги замени во марки пред тие да станат безвредно парче хартија.

Денес местотото на марката во нашите срца го зазеде еврото, најголем дел од населението избира да штеди токму во европската валута.

Покрај евра, банките во Македонија нудат орочено штедење и во долари, франци, фунти, австралиски долари и останати валути.

Експертите инаку советуваат штедачите своите пари да ги штедат во повеќе валути, за да се заштитат од евентуален инфлаторен удар и курсни разлики кои можат да ги смалат или во целост да ги изгубат приходите од штедењето.

Македонија не е Швајцарија, а ниту денарот не е франк, не треба да не чуди што бројот на штедачи во домашна валута е сеуште недоволно голем.

За да се одлучите во која валута ќе штедите, набљудувајте ја каматата во однос на инфлаторната стапка на таа валута. Доколку инфлацијата е пониска од каматната стапка која ќе ја добиете за орочен депозит- штедењето ви се исплати. Сепак штедењето во денари е добро само доколку денарот спрема еврото остане стабилен.

Доколку приходите ви се во денари, предноста да се штеди во денари е тоа што нема трошоци, односно курсни разлики при префрлање од денари во евра, и доколку потоа вршите плаќања во денари.

Дали ќе штедите и во која валута , на крај останува секој сам да одлучи во склад со своите можности. Сепак не треба многу да се надевате дека ќе се збогатите од штедењето, каде времето на високите каматни стапки одамна помина.

На крај, да ве потсетиме на еден многу важен факт- Македонската држава ви гарантира само до 30.000 евра во денарска противредност.

 

Банкарот,

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП