19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОтворен нов ресторан под брендот „ФУФО Галија“ на бензинската на Лукоил во...

Отворен нов ресторан под брендот „ФУФО Галија“ на бензинската на Лукоил во Гевгелија

reklamafufo

За љубителите на вкусната храна, ЛУКОИЛ на својата бензинска во Гевгелија отвори ресторан под брендот ФУФО Галија

Пред прагот на големиот празник Велигден, ЛУКОИЛ Македонија во соработка со реномираниот бренд за храна Фуфо Галија, на влезот во Македонија на Автопатот Е-75 во Гевгелија на својата дваесет и прва бензинска станица, отвори ресторан за љубителите на вкусната храна и пијалок. Во ресторанот ќе можете да  вкусите  најразлични специјалитети од македонската и интернационалната кујна.

Вкусните јадења ќе ви дадат сила и енергија за сигурно и удобно возење, и патување за целото семејство.

fufo-gvg

На свеченото отворање на објектот присуствуваа Градоначалникот на општина Гевгелија и многу други гости. Бензинската станица е лоцирана на автопатот А1 (Е-75) на граничниот премин Богородица, непосредно по влегувањето во Република Македонија. Објектот се простира на 3.777м2 и располага со 3 диспанзери кои овозможуваат истовремено точење на горива на 6 возила, апарат за вода – воздух, мини маркет како и современ ресторан.

Овој објект на потрошувачите ќе им овозможи да наточат „ЕКТО“ горива со најдобар квалитет на пазарот, течен нафтен гас, ЛУКОИЛ масла, како и да ги купат потребните производи од широкиот асортиман и да бидат услужени од професионалниот и секогаш добро расположен персонал.

Ве очекуваме!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП