20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСанчез од следната сезона во Јувентус?

Санчез од следната сезона во Јувентус?

sancez

Изгледа дека Јувентус добива големо засилување за следната сезона, за такво нешто се шпекулираше уште во текот на зимата, а Бепе Марота најави дека веќе е постигнат договор со некој играч.

Најверојатно тоа е Алексис Санчез кој во ниту еден момент во Барселона не ги повтори игрите од Удинезе, од каде дојде како големо засилување. Освен што беше во сенка на Меси, тој не играше на својата позиција во тимот.

За него се платени, со бонуси од кои повеќето не ги исполни, околу 37 милиони евра, па Барса сака да го продаде, но проблем е забраната за трансфери, која најверојатно ќе се укине целосно.

Според пишувањата на каталонските медиуми, на Барса им се брза со цел што побрзо да го состават тимот за следната сезона, а и од „старата дама“ имаат причина за брзање.

Тие имено раководството сака да го убеди Антонио Конте дека тимот ќе биде засилен, за тренерот да го продолжил договорот. Во позадина чекаат Јунајтед и Монако, како можни дестинации, па разбирлива е нервозата во Торино. Ањели го очекува одговорот на Конте во наредните 20 дена, а постигнување на договор со Санчез кого Конте го посакува во својот тим, е најсилниот адут.

Санчез не би требал да биде единственото засилување, ако биде продаден Погба, следуваат нови трансфери, практично во секоја линија во тимот би дошол по еден играч од светска класа.

Познатиот италијански новинар Џанлука Ди Марцио потврди дека преговорите се започнати, Санчез ги договорил своите услови и дека само се чека Барса да ги среди своите проблеми со трансферите.

Очигледно, кога станува збор за актуелниот, а веројатно и идниот италијански шампион, ова е само почеток во создавањето на тим кој ќе направи исчекор во Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП