24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВан Бастен го превзема АЗ Алкмар

Ван Бастен го превзема АЗ Алкмар

marko van basten

Холандската легенда Марко ван Бастен си најде нов тим. Поранешниот напаѓач ќе потпише договор за 2 години со АЗ Алкмар. Нештата помеѓу двете страни веќе се прецизирани и останува само формално да бидат ставени потписи на хартија.

Инаку од 2012-та до сега Ван Бастен беше на чело на Херевен. Меѓутоа, уште пред еден месец тој најави дека ќе го напушти клубот.

Во АЗ тој пак ќе го наследи Дик Адвокат, кој, по се изгледа нема намера да се занимава повеќе со клупски фудбал .

Досега освен во Херевен, Ван Бастен беше една сезона на чело на Ајакс, а има стаж и како национален селектор на Холандија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП