29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБрисел: „Јужен поток“ не е приоритет за ЕУ

Брисел: „Јужен поток“ не е приоритет за ЕУ

brisel-eu

Европската унија не ја смета изградбата на гасоводот „Јужен поток“ за свој приоритет, изјави портпаролот на еврокомесарот за енергетика Гинтер Јотингер, Сабина Бергер.

Според Бергер, во рамки на работната група на ЕУ за „Јужен поток“, што беше формирана на почетокот на годинава, во моментов единствено „се разменуваат мислења за технички и правни прашања“.

Како што јави ИТАР-ТАСС, таа нагласи дека сега не се водат преговори за овој проект на политичко ниво, додавајќи оти тој „политички процес е замрзнат поради активностите на Русија во Украина“.

– При разгледувањето на овој проект, се разбира, мора да го имаме предвид вкупниот контекст на односите меѓу ЕУ и Русија, потенцира Бергер.

Претходно, ЕУ им даде овласување на нејзините членки низ кои треба да минува гасоводот – Австрија, Бугарија, Грција, Словенија, Унгарија и Хравтска, кои и на Србија, индивидуално да преговараат со Русија за изградбата на „Јужен Поток“.

Рускиот министер за енергетика Александар Новак минатиот петок изјави дека реализацијата на проектот се одвива во согласност со меѓувладините договори и дека таа не може да биде прекината.

Некои медиуми објавија дека Бугарија почнала со демонтирање на веќе поставените елементи од гасоводот, но команијата „Јужен поток-Бугарија“ ги демантираше таквите тврдења, нагласувајќи дека изградбата на гасоводот низ бугарска територија продолжува.

Српските власти неодамна најавија дека изградбата на трасата од „Јужен поток“ низ Србија ќе започне во текот на претстојното лето.

Од трасите на „Јужен поток“ низ Бугарија или Србија, треба да се изгради и крак кон Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП