29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот Subaru Outback (фото+видео)

Новиот Subaru Outback (фото+видео)

outback subaru

Компанијата „Subaru“ на автосаемот во Њујорк ја претстави новата генерација на моделот „Outback“.

Новиот „Outback“ доби модерен дизајн, со продолжени предни светла, но со масивна маска на ладилникот и големи округли светла за магла.

Ова возило со своите пропорции уште повеќе се оддалечи од класичните каравани, во смер на модерните „SUV“ модели. Го одликуваат големи крила, необично висок заден дел на автомобилот, масивна хауба и поголема шофершајбна.

outback subaru1

Над задното стакло е поставен спојлер, а алуминиумските бандажи може да бидат од 17 или 18 инчи. Стандардно ќе бидат опремени со климатизација и мутлимедијален систем со екран од 6.2 инчи.

Во САД, каде новиот „Outback“ ќе почне да се продава во текот на годината, во понудата ќе бидат два „boxer“ мотори од 4-цилиндарски 2.5 (130 kW) и 6-цилиндарски 3.6 (191 kW).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП