25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИNike се откажува од FuelBand додатокот за смартфони

Nike се откажува од FuelBand додатокот за смартфони

nike (1) fuel

Еден од значајните производители на фитнес додатоци, очигледно ќе го напушти овој пазар. „Nike“ потврди дека ќе отпушти луѓе од своето хардверско одделение кое го прави фитнес додатокот „FuelBand“.

Во официјалното соопштение се вели дека приоритетите на одделението „Digital Sport“ еволуираат, т.е. потребно е да се направат промени внатре во тимот и дека се очекува помал обем на отпуштања.

Меѓутоа, се верува дека 55 од вкупно 70 вработени во ова одделение ќе останат без работа или ќе бидат префрлени во други одделенија. Покрај додатокот „FuelBand“, ова одделение го прави и спортскиот часовник „Nike+“, како и други додатоци.

Првиот „FuelBand“ е претставен во 2012-та година, но компанијата „Nike“ беше релативно бавна кога е во прашање еволуцијата на овој производ. Минатата есен беше претставена верзија која поддржува „Bluetooth“, a со неа пристигнаа и повеќе опции кои се поврзани со бојата.

Во тоа време „Apple“ вработи еден од креаторите на додатокот „FuelBand“, кој би требал да работи на идните слични додатоци внатре во компанијата од Купертино.

Иднината на фитнес додатокот „FuelBand“, како и на другите производи на „Nike“ дивизијата „Digital Sport“ е крајно неизвесна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП