20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКасија ќе ги одбие Арсенал и Јунајтед

Касија ќе ги одбие Арсенал и Јунајтед

kiko kasija

Голманот на Еспањол, Кико Касија ќе ги одбие предлозите на Манчестер Јунајтед и Арсенал, објави „Дејли експрес“. 27 -годишниот голман најави дека нема намера да го напушти тимот во текот на летото.

Касија има одлична сезона во Примера и беше поврзуван со актуелниот шампион Барселона како една од опциите за наследник на Викор Валдес. Во последно време зголемен интерес кон него имаат и англиските Арсенал и Манчестер Јунајтед.

„Намерата ми е да останам во Еспањол. Овој клуб ми е подаде рака во тешки моменти и гледам дека ја имам поддршката на сите тука. На ова место му припаѓам и имам намера да останам тука. Ќе играм за Еспањол барем во следната сезона, затоа што ништо не ме притиска да ја напуштам екипата“, изјави Касија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП