20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSony на „слатки маки“ поради РЅ4

Sony на „слатки маки“ поради РЅ4

xl_Sony-PS4-2-624

Јапонскиот електронски гигант „Sony“, од минатогодишното пуштање во продажба на „PlayStation 4“, продаде седум милиони такви играчки конзоли ширум светот.

Меѓутоа, во компанијата признаа дека неможат да ги произведат доволно брзо.

„Одговорот на глобалната играчка заедница на „PS4“ беше неверојатна и навистина сме почестени што играчите ја избираат „PS4“ како следна генерација на играчка конзола“, изјави претседателот и извршен директор на одделението на „Sony“ за компјутерска забава, Ендру Хаус.

Тој додаде дека патувањето за „PS4“ тек започнало, и покрај тоа што компанијата е соочена со проблеми поради големата побарувачка ширум светот, „Sony“ останува посветена на задоволување на потребите на клиентите.

Продажбата на софтверот за конзолата исто така беше многу силна, при што до 13-ти април оваа година продадени се повеќе од 20.5 милиони копии од игрите во продавниците и по пат на дигитално превземање.

„PS4“ за доминација на пазарот се „бори“ со „Microsoft Xboх One“ и „Nintendo Wii U“, во услови кога играчките конзоли се под се поголем притисок да ја докажат својата вредност во светот на се поприсутните смартфони и таблети со игрици.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП