29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВраќање на моделот Honda HR-V

Враќање на моделот Honda HR-V

hrv honda

„Honda“ на саемот за автомобили во Њујорк го претстави кросоверот базиран на новата генерација на моделот „Jazz/Fit“. Ова возило, кое кон крајот на 2013-та година имаше премиера во Јапонија како „Vezel“, во САД ќе се продава под обновената ознака „HR-V“.

Претходната „Honda HR-V“ се произведуваше од 1999-та до 2006-та година како мал кросовер во верзија со 3 и 5 врати и имаше препознатлив коцкаст дизајн.

Новата генерација е заснована на глобалната платформа која се користи и во најновата „Honda Jazz/Fit“.

hrv honda1

Јапонскиот производител тврди дека новиот „HR-V“, иако станува збор за релативно мал автомобил, ќе има простран и фокусиран ентериер благодарејќи меѓу останатото и на модуларните седишта на „Hondа“ – „Magic Seat“ кои овозможуваат различни конфигурации на седење.

Со преклопување на задниот ред на седишта се добива целосно рамен под кој се протега од предните седишта до вратата на багажникот.

hrv honda2

„Honda“ засега не објави повеќе технички детали за новата генерација на моделот „HR-V“, a се очекува меѓу погонските единици да се најде и четирицилиндарски 1.5 литарски бензинец со директно вбризгување, кој произведува 132 ks (97 kW) и 154 Nm максимален вртежен момент.

Новиот „Honda HR-V“ ќе почне да се продава во САД кон крајот на годината, а според претходните информации истиот модел во Европа ќе пристигне во 2015-та година, но се уште не е познато дали и на европскиот пазар ќе се продава под ознаката „HR-V“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП