28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПредности и мани на најпопуларниот пијалок

Предности и мани на најпопуларниот пијалок

kafe1510421987523345c69b12d939718504_orig

На многу лица омилен пијалок, вообичаен во утринските часови, кафето е секако дел од нашата култура. Сепак, пред да посегнете по уште една шолја, прочитајте ги предностите и маните.

Една шолја кафе дневно

Предности: Една шолја кафе на ден го регулира крвниот притисок и позитивно влијае на крвните садови. Кафето е одличен антиоксиданс и ги поттикнува мозочните активности.

Недостатоци: Шолја кафе е доволна за да ви се поремети сонот и да ве држи будни во текот на ноќта, бидејќи потребни се цели 8 часа за кофеинот потполно да исчезне од телото. Избегнувајте да пиете кафе доцна попладне и навечер, туку уживајте во утринскиот ритуал.

Две шолји кафе дневно

Предности: Оваа количина на кафе во ваква доза е одлична против Алцхајмерова болест, односно од толкава доза на кофеин расте количината на протеин во мозокот која влијае на губење на памтењето. Пиењето на две шолји кафе 30 минути пред напорна активност ќе му пружи на вашето тело голема доза на енергија.

Недостатоци: Две шолји кафе во бременост се преголема доза на кофеин, бидејќи тој влијае на создавањето на хормоните кортизол и адреналин што може да предизвика спонтан абортус.

Три шолји кафе дневно

Предности: Спречуваат настанување на рак на јајниците кај жените. Оваа количина на црн пијалок позитивно влијае и кај мажите бидејќи може да спречи настанување на камен во жолчката.

Недостатоци: Оваа доза на кафе може да го зголеми ризикот од срцев удар.

Четири шолји кафе дневно

Предности: Четири шолји кафе содржат околу 400 милиграми кофеин што е многу силен антиоксиданс кој го „чисти” организмот и помага во борбата против различните облици на тумор, рак на простатата и дијабетес тип 2.

Недостатоци: Големата количина на кафе во текот на денот може да доведе до ревматски артритис и да предизвика нервоза и анксиозност.

*Внимавајте: Во одредени случаи, петта шоља кафе може да предизвика и халуцинации!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП