24 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСмартфоните на Acer оваа година ќе бидат достапни на повеќе пазари

Смартфоните на Acer оваа година ќе бидат достапни на повеќе пазари

acer telefon2

Паметните телефони на „Acer“ во текот на оваа година ќе бидат достапни за купување во повеќе земји ширум светот, потврди извршниот директор на оваа компанија Џејсон Чен.

Според информациите кои се појавија во тајванските медиуми, од компанијата сакаат значително да ја зголемат испораката на своите смартфони, а широката достапност на овие уреди би требало да помогне да ја остварат својата цел.

Во минатата година, смартфоните на „Acer“ можеа да се купат само во 12 земји, од кои некои пазари се во развој, како Романија, Тајланд или Зимбабве, но и некои развиени пазари како Велика Британија.

За 2014-та година од „Acer“ планираат нивните паметни телефони да бидат достапни во двојно повеќе земји, од кои најголемиот број од нив во Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП