24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБелгискиот долг ревидиран нагоре

Белгискиот долг ревидиран нагоре

belgija15lk

Белгискиот институт за ревизија и сметководство (ICN) благо нагоре го ревидираше нивото на државниот долг за 2013 година, на 101,5 проценти од бруто домашниот производ (БДП).

Минатогодишниот белгиски долг е за 0,4 проценти повисок отколку во 2012 година, пренесуваат белгиските електронски медиуми.

Белгискиот долг е над границата од 100 проценти за која белгиските власти се обврзаа дека нема да ја надминат во 2013 година.

Минатогодишниот долг на Белгија во однос на 2012 година пораснал од 380,157 милијарди евра на 387,159 милијарди евра. Белгија ги исполни преземените обврски во Брисел во намалувањето на буџетскиот дефицит на 2,6 проценти од БДП до крајот на 2013 година.

Европските партнери бараа од белгиската влада да го сведе дефицитот на 2,7 проценти до крајот на 2013 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП