20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВолфганг Дирхајмер повторно ги превзема Bentley и Bugatti

Волфганг Дирхајмер повторно ги превзема Bentley и Bugatti

wolfgang durheimer

„Volkswagen“ соопшти дека Дирхајмер, кој од 2011-та до 2012-та беше на чело на компанијата „Bentley“ и „Bugatti“, oд јуни 2014-та повторно ќе ја заземе позицијата Извршен директор и претседател на овие два производители на луксузни автомобили.

Волфганг Дирхајмер (55) ќе го замени досегашниот прв човек на двете компании, Волфганг Шрајбер, кој заминува на друга управувачка позиција во рамките на групацијата „Volkswagen“.

Дирхајмер кариерата ја започна во „BMW“ во 1986-та, каде до 1998-та извршуваше различни менаџерски должности. Следната, 1999-та година преминува во „Porsche“, каде во 2001-ва станува член на управниот одбор задолжен за развојни и истражувачки активности.

Во периодот додека Дирхајмер се наоѓаше на таа позиција, „Porsche“ на пазарот претстави нови модели кои значително го зајакнаа овој бренд и придонесоа за раст во продажбата.

Вофганг Дирхајмер стана Извршен директор на компанијата „Bentley“ и „Bugatti“ во 2011-та, a од таа позиција во септември 2012-та заминува во „Audi“ на позицијата член на управниот одбор кој е задолжен за технички развој каде се задржа до јуни 2013-та.

Покрај позицијата Извршен директор на компаниите „Bentley“ и „Bugatti“, Дирхајмер ќе го надгледува и работењето на „VW“ групацијата на пазарите во САД и Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП