29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИндустриското производство во Унгарија порасна за осум проценти

Индустриското производство во Унгарија порасна за осум проценти

ungarijabudimpestab46b6bb

Во февруари оваа година, обемот на индустриското производство во Унгарија се зголеми за 8,1 процент во однос на истиот месец во 2013 година, објави унгарскиот Завод за статистика.

Производството во секторот на преработувачката индустрија пораснало во февруари за 9,7 проценти, на годишно ниво, а во рударството за 7,1 процент, пренесува француската агенција Ибифранс.

Во соопштението на Заводот се наведува дека силниот раст на производството на сообраќајни средства во последните неколку месеци е продолжен и во февруари.

Вкупната вредност на новите нарачки во февруари е зголемена за 17,3 проценти во споредба со истиот месец минатата година (+20,6 проценти од домашните и +16,8 проценти од странските пазари).

Продуктивноста во претпријатијата со пет или повеќе вработени е зголемена за 5,4 проценти во периодот јануари-февруари во однос на истиот период минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП