29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФудбалската академија пример за успешен проект препознаен од УЕФА

Фудбалската академија пример за успешен проект препознаен од УЕФА

ffm

Фудбалската федерација на Македонија на крајот од месецот ќе биде домаќин на двајца високи гости од УЕФА, Жан Франсоа Домерк, одговорен на одделот за фудбал на УЕФА и Јан Лупеску, секретар на одделот на УЕФА. Високите гости од УЕФА доаѓаат во посета на ФФМ со цел да ги анализираат потребите на Националните асоцијации во поглед на новата програма на УЕФА за развој на фудбалот. Во програмата за работа е предвидено да се одржат низа состаноци и следење на тренинзи на фудбалската академија заедно со координаторот на младите национални тимови и сите селектори на младите национални тимови и тренери кои работата во Академијата.

Европската фудбалска асоцијација како една од клучните цели ја постави програмата за развој на елитниот младински фудбал преку формирање на фудбалски академии поддржани или во рамки на националните федерации. За Фудбалска федерација на Македонија програмата на УЕФА е вистинска прилика дополнително да ја вклучиме нашата академија во развиеното европско окружување. Фудбалската федерација на Македонија во заеднички проект со Владата на РМ веќе започна со формирање на дополнителни дисперзирани фудбалски паралелки за учебната 2014/2015 година, како надополнување за постоечките две паралелки во Скопје.

Целта на новата развојна програма е да се продуцираат подобри фудбалери, да се изгради правилен микс на спортска, школска и животна едукација, со што ќе се осигура квалитетен развој и технички програми. Ова е долгорочен проект на национално ниво, кој исто така би го осигурал поврзувањето меѓу масовното учество во спортот и елитниот младински фудбал.

– Основна задача на академијата е да ги следи и низ теоретска и практична работа да ги пренесува најновите знаења од областа на фудбалот и спортот воопшто. Со посветеност и системска работа „Фудбалската академија“ веќе ги вреднува резултатите од својата студиска програма, но наша задача е постојано да ги развиваме, унапредуваме и преиспитуваме содржините на програмата за работа на академијата. Ги следиме планираните активности, поставените задачи и цели и со објективно согледување на резултатите, нивна анализа и корекција на евентуалните недостатоци работиме во насока постојано да се надоградуваме. Посетата на гостите од УЕФА е прилика да ги запознаеме со работата на нашата академија, да го претставиме нашиот план и заложбите за во иднина и преку резултатите од работата на академијата да се избориме за поддршката која УЕФА им ја дава на федерациите кои вистински вложуваат во младинскиот фудбал. Нашата визија е да ја претставиме Академијата како водечка институција од тој вид во Македонија, основана по примерот на многу европски школи, со единствена желба своите ученици да ги подготви за времето кое доаѓа, како школа за иднина. УЕФА сето тоа го препознава и ние сме благодарни за соработката и подготвени да ја имплементираме програмата која ќе ни ја понуди УЕФА, изјави Претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски.

Како дел од поддршката и техничката помош која ФФМ ја овозможува за Фудбалската академија и националните младински селкции  е и последната набавка на исклучително важни апарати за современ мониторинг на срцева френкфенција, апарат која дава показатели во која зона и каков е степенот на оптоварување на играчите, како и времето за опоравување на играчите – програма „Активио“.

Втората апарат „Капапулт“  ги дава сите показатели на играчите за успешноста во сите квадранти на дејствување, бројот на индивидуални додавање, вкупениот број на додавања, колку километри има поминато секој играч и во која зона, кое е неговото забрзување, акцелерација од една до друга точка и други показатели кои се исклучително битни за тренажниот процес.

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП