20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИвановски:Компјутерите со екран на допир ја поттикнуваат мотивацијата за учење

Ивановски:Компјутерите со екран на допир ја поттикнуваат мотивацијата за учење

ivo ivanovski kompjuteri

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски денеска во Битола го посети основното училиште „Климент Охридски“ каде наставата се одвива со помош на компјутери со екран на допир.

Ивановски се запозна со техничката функционалност и предноста што ја имаат овие компјутери во однос на другите компјутерски системи.

Тој напомена дека Македонија продолжува да го развива информатичкото општество преку низа проекти од кои голем дел се спроведуваат во образованието.

Станува збор за Intel Classmate PC која вклучува монитори на допир и ротирање и оперативен систем Windows 8. Пилот проектот се спроведува во училиштето од почетокот на второто полугодие од оваа учебна година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП