20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИФилип Морис - тешко време за гигантот

Филип Морис – тешко време за гигантот

marlboro cigari

Профитот на меѓународниот производител на цигари „Филип Морис“ во првиот квартал од оваа година падна за скоро 12 проценти, а причината за тоа е слабата продажба на цигари.

Производителот на „Марлборо“ и другите брендови на цигари заработи 1.88 милијарди долари или 1.18 долари по акција за периодот од јануари-март, што е пад за 2.13 милијарди долари или 1.28 долари по акција од истиот период од минатата година.

Кога ќе се исклучат акцизите, приходите на „Филип Морис“ паднаа за скоро девет проценти или на 6.9 милијарди долари, додека аналитичарите очекуваа приходи од 7.1 милијарди долари.

Според соопштението од „Филип Морис“, испораката на цигари е намалена за 4.4 проценти, додека вкупниот обем на испораката на „Марлборо“ е намалена за четири проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП