19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОToхир посакува еден од Џеко, Торес или Мората

Toхир посакува еден од Џеко, Торес или Мората

inter erik

Сопственикот на Интер, Ерик Тохир ја промовираше својата намера да доведе во Милано голема ѕвезда. Зацртаните имиња од индонезискиот магнат се Един Џеко, Фернандо Торес и Алваро Мората.

„Сакам Интер да го направам моќен тим. Веќе го обезбедивме Ернанес, наскоро и Видиќ ќе се приклучи кон нас, па така ќе треба да земеме и напаѓач. Во нашето видно поле се вртат големи имиња како Џеко, Торес и Мората и се надевам дека еден од нив ќе пристигне кај нас, а тоа ќе биде навистина добро, изјави Тохир.

„Сакаме да се вратиме во Лигата на Шампионите најдоцна за две – три години. Интер е меѓу 15-те водечки фудбалски брендови во светот. Сакам да влеземе во Топ 10 “, ги додаде амбициозните цели шефот на „нероазурите“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП