18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВиктор Мизо во посета на бизнис заедницата во Кичево

Виктор Мизо во посета на бизнис заедницата во Кичево

viktor-mizo00

Директорот на Дирекцијата за слободни економски зони Виктор Мизо денеска престојуваше Кичево каде се сретена со претставници на бизнис заедницата и ги посети двете можни локации на кои ќе биде сместена најавената американска инвестиција Кисис Сејти Систем.

– Со бизнисмените разговаравме за конкретниот план за подобрување на економската состојба. Ги известив за највената американска инвестиција Кисис Сејти Систем, а заедно ги посетивме двата можни објекта каде што првично ќе започне со работа. Идната недела ќе дојдат нивните преставници за формализација на одлуката за инвестирање во Кичево, изјави Мизо по средбата со бизнисмените.

Тој потсети дека  неодамна започна и градењето на слободната економска зона во Кичево во која до средината на идната година ќе треба да се градат двата нови објекта за потребите на американскиот инвеститор.

– Од кичевските бизнисмени слушнав и доста добри забелешки и идеи за подобрување на бизинис климата во нашата економија, рече Мизо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП