19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКатастарот утре по 12 часот нема да работи со странки

Катастарот утре по 12 часот нема да работи со странки

Logo_Katastar111

– Агенцијата за катастар на недвижности утре по 12 часот нема да работи со странки поради инсталација на нова надградена верзија на Електронскиот катастар со вклучен инфраструктурен (подземен) катастар.

Во истиот период нема да работи и електронскиот шалтер за нотарите, општините, приватните геодетски фирми и останатите професионални корисници.

Новата верзија на електронскиот катастар ќе биде ставена во функција од 22 овој месец и со неа покрај досегашните услуги ќе се овозможи и запишување на инфраструктурните објекти во Катастарот, издавање на имотни листови, копии од планот на објектите и други документи поврзани со подземната и надземната инфраструктура во државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП