19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗМајбах се враќа во живот, концептна верзија ќе се појави во Пекинг

Мајбах се враќа во живот, концептна верзија ќе се појави во Пекинг

maybach-57-s

Германскиот произведувач на автомобили „Дајмлер“ се подготвува да ја заживее луксузната марка „Мајбах“, чие производство беше запрено во 2013-та година, пренесе „Ројтерс“. Целта на компанијата е да се привлечат супербогатите клиенти од Азија и САД.

Новиот „Мајбах“ ќе биде претставен на автомобилските саеми во Гуанчжоу и Лос Анџелес во ноември и ќе чини двапати повеќе од почетната цена од 165.000 евра за најскапиот модел на „Дајмлер“ – „Мерцедес S600“.

Концептната верзија, од која ќе се роди новиот модел, најверојатно ќе биде прикажана веќе следната недела на саемот во Пекинг, се со цел да зголеми интересот кај богатите Кинези.

„Мајбах“ ќе има 20 сантиметри подолго меѓуоскино растојание во однос на продолжената верзија на „S –Class“ или 3.37 метри, со што ќе обезбеди повеќе простор за нозете.

Одлуката за стопирање на производството „Мајбах“ беше донесена во 2012-та година, откако од лимузината која чини 380.000 долари во 2011-та година беа купени само 200 примероци. Во исто време „Ролс – Ројс“ (во сопственост на „БМВ“) и „Бентли“ (контролиран од „Фолксваген“) во 2010-та година продадоа 2.700, односно 5.100 автомобили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП