29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКошчелни си заминува од Арсенал!?

Кошчелни си заминува од Арсенал!?

koscelni

Пред Арсенал е уште едно возбудливо лето, барем кога станува збор за обидите да го зачува тимот.

Сезоната во која „топџиите“ од битката за титулата паднаа на ниво да се борат за четвртото место, па така таа неможе да се окарактеризира како успешна.

Недостатокот на трофеи влијае на фудбалерите на Арсенал, па така летото би можело да донесе нови заминувања на клучите играчи од првиот тим.

Веќе некое време се говори за Бакари Сања, на кого му истекува договорот, а се чини дека дефанзивецот нема да биде единствениот кој би можел да си замине од „Емирати“.

Англиските медиуми јавуваат дека на Арсенал му претсоти сериозна битка за задржување на Лоран Кошчелни.

Французинот најверојатно со своите настапи го привлекол вниманието на Баерн Минхен, но и на ПСЖ, т.е. Монако, па овие клубови летоска ќе се обидат да го доведат во своите редови.

Медимуите истакнуваат дека на раководството на Арсенал нема да му биде лесно да се одбрани.

„Арсенал мора да се избори со интересирањето на ПСЖ, Монако и Баерн и да го убеди Кошчелни да потпише нов договор. Неговата форма ги заинтересира споменатите клубови, а скромната плата од 50.000 фунти неделно би можела да биде клучна точка“, се наведува во една од информациите.

Пример, Пер Метерсакер минатиот месец потпиша нов договор според кој заработува 90.000 фунти неделно, додека Томас Фермален има неделна плата од 70.000 фунти.

Споменатите клубови со внимание ја следат ситуацијата во клубот и подготвени се да реагираат и на Французинот да му понудат богати договори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП