25 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕСпектакуларната тропска вила Issi (фото)

Спектакуларната тропска вила Issi (фото)

erw1

Вилата „Issi“ на Бали е вистинското место за бегство од секојдневието и деловните обврски, одмор за душата и телото и место каде што ќе го вкусите луксузот.

Спектакуларната тропска вила со прозори од подот до таванот, позната како „Villa Issi“ ви ја претставува тајната оаза во самото срце на југозападниот брег на Бали.

„Villa Issi“ има изразено модерен ентериер и екстериер. Ова двоспратно ремек дело ја комбинира елеганцијата со супериорната функционалност. Таа е изградена со голем број на стаклени ѕидови и високи врати кои исто така се од стакло со цел внатрешноста од амбиентот да се поврзе со прекрасната надворешност и на оној кој престојува тука да му обезбеди максимално природно искуство и одлично чувство. Оваа вила се простира на 1500 квадратни метри на елитна локација која е далеку од сообраќајот и бучавата, а сепак се наоѓа на само еден километар од плажата, шик бутиците, скапоцените ресторани и возбудливиот ноќен живот.

Ентериерот се карактеризира со едноставност, обезбедувајќи им на гостите уживање во доминантна компонента – каменот. Во текот на ноќта, оваа вила станува нешто сосема различно, со иновативни светла и детални линии од сенки.

Луксузот во ова катче се состои во високо квалитетните материјали од кои таа е изработена и дизајнирана. Започнувајќи од камените конструкции кои се украсени со скапоцени камења, па се до високиот квалитет на дрво од кое е изработен мебелот, уметничките фигури и слики кои го красат ентериерот.

Оваа вила поседува четири спални соби, салон, две гостински соби, теретана, базен и бројни области за релаксација, раскошна градина…. и затоа секој кој е гостин во неа ќе се чувствува релаксирано и среќно.

erw1

erw2

erw3

Villa Issi pool

erw5

erw6

erw7

erw8

erw9

erw10

erw11

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП