19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGoogle ги разочара инвеститорите

Google ги разочара инвеститорите

gule

Најголемиот светски интернет пребарувач и сопственик на популарниот мобилен оперативен систем „Android“, американската компанија „Google“, ги разочара инвеститорите со своите резултати.

Иако приходите на компанијата пораснале за 19% во првиот квартал до 15,4 милијарди долари од 12,95 милијарди долари, а добивката изнесува 6.27 долари по акција во позадина на очекуваните 6,4 % повеќе. За споредба, во истиот квартал од минатата година добивката на компанијата изнесуваше 6 долари по акција.

Акциите на компанијата забележаа намалување од скоро 6 % на берзата по објавувањето на резултатите, намалувајќи се до 524.33 долари.

„Многу компании би биле задоволни со слични резултати, но „Google“ не е средностатистичка компанија“, коментира Колин Гилис, аналитичар во „BGC Partners“, кој и поставил инвестициска оценка „hold“ на компанијата.

Платените прегледи, мерка за ефикасноста за рекламирање на бизнис, се зголемија за 26% во првиот квартал. Во исто време, сепак, трошоците за клик, кои генерираат приходи од рекламирање, се намалија за 9%. Она што им пречи инвеститорите е дека трошоците за клик се намалуваат во последните 10 квартали, што не е добар показател.

Компанијата се уште се соочува со тешкотии во монетаризирањето на растечкиот мобилен сообраќај, кој во голема мера го дислоцира сообраќајот реализиран од десктоп компјутерите и лаптопите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП