24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОMilwaukee Bucks продаден за 550 милиони долари

Milwaukee Bucks продаден за 550 милиони долари

CORRECTION Bucks Sale Basketball

Најлошиот тим во „NBA“ лигата во оваа сезона „Milwaukee Bucks“ ќе добие нов сопственик, инвеститори од Њујорк.

Досегашниот сопственик Херб Кол постави само еден услов при продажбата на „Елените“ за 550 милиони долари, а тоа е дека мораат да останат во Милвоки.

„Bucks“ во оваа сезона остварија само 15 победи на 82 натпревари, па имаат најголеми шанси во текот на летото да го одберат првиот пик, пред најсилниот „Draft“ во последните 15-тина години.

„Дојдов до самиот момент во својот живот кога треба да размислувам за наследство. Навивачите на Милвоки заслужуваат победнички тим“, изјави 79 годишниот Кол кој со години се обидува од „Bucks“ да направи голем тим, но тие секогаш беа во втор план на Истокот.

За „Елените“ своевремено играа Оскар Робертсон, Карим Абдул-Џабар, Мозес Мелуон, Адриан Дентли, Гери Пејтон, но освоија само една титула, и тоа далечната 1971-ва година, само три години по основањето.

Кол е локален херој во Милвоки, а тимот го купи во 1985-та година за 18 милиони долари.

Новите сопственици Ласри и Еденс ветија дека ќе инвестираат 100 милиони долари во изградба на нова арена, а истиот износ ќе го даде и Кол.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП