29 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАКако до „совршен“ пасворд?

Како до „совршен“ пасворд?

password

Добрата лозинка треба да биде комбинација од големи и мали букви, бројки и симболи, подолга од осум знаци, да содржи измислени изрази, но без цели зборови, и редовно да се менува.

За таква лозинка потребно е многу подолго време за некој да ја открие и помали се шансите таа да биде дешифрирана од страна на хакери.

Треба да се избегнуваат зборови од речник, сленг, имиња и адреси од електронска пошта.

Наместо еден збор, измислете израз или реченица, која ќе ја внесете во скратен, кодиран облик.

На пример: 3k0vi+5Com (трикови петком).

Набавете „пасворд менаџер“, алатка која ги памети вашите лозинки (LastPass, KeePass, 1Password…). Досега овие немале посериозни безбедносни инциденти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП