20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИAra ќе се појави на пазарот во јануари 2015-та?

Ara ќе се појави на пазарот во јануари 2015-та?

ara google2

На првата конференција за програмери посветена на концептниот модуларен телефон „Ara“, менаџерот на „Google“ на овој проект Пол Еременко ги даде првите индиции околу можната појава на овој уред на пазарот. Како што јавно објави пред аудиториумот на првиот ден од конференцијата, мобилниот „Ara“ би требало да започне да се продава во јануари следната година. Основниот пакет би требало да влучува матична плоча, т.е. со неа и модулите со екран, „Wi-fi“ и процесор. Таквиот склоп на основни функционалности би чинел само 50 американски долари, а останатите модели би им биле на располагање за купување на корисниците кои својот мобилен телефон би го прилагодувале според сопствените потреби.

Моменталното кодно име на првиот таков телефон е „Grey Phone“, затоа што е замислен како „досадно сив“ производ кој самите корисници би можеле да го направат интересен додавајќи разни модули, како „GPS“, камера, „Bluetоoth“, дополнителни звучници, батерии и слично. Покрај развојот на првиот модуларен телефон, во „Google“ имаа за цел да направат и екосистем, па надворешните хардверски производители би можеле да додаваат свои креативни модули со поголеми можности.

Се проценува дека една матична плоча, која е своевиден костур на модуларниот телефон, би можела на корисникот да му служи пет до шест години, период во кој на уредот може да се додаваат се подобри додатоци. Сепак, тие би требало да се набавуваат преку посебни продавници, како на пример постоечките „app“ продавници, најави Еременко.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП