20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMazda произведе милион возила со Skyactiv технологија

Mazda произведе милион возила со Skyactiv технологија

skyactive_img2

Јапонскиот производител „Mazda“, две години и четири месеци по претставувањето на „Skyactiv“ технологијата, го произведе милионитото возило кое ја користи оваа технологија.

Моментално „Mazda“ произведува три возила со „Skyactiv“ технологија, а тоа се „Мazda CX-5“, „Мazda 6“ и „Мazda 3.

„Skyactiv“ подразбира опсег на технологии во кои се вклучени шасијата, каросеријата и погони кои нудат еколошки и безбедносни перформанси.

Оваа технологија го минимализира отпадот и ја унапредува ефикасноста на компонентите на возилото, како што се моторот и трансмисијата за намалување на масата на возилото.

Јапонците оваа технологија за прв пат во целост ја применија во моделот „Мazda CX 5“ чија каросерија е изработена од ултралесен и значително цврст челик.

На овој модел е развиена и дизајнерската тема наречена „Кodo“, што во превод значи душата на движењето.

„Mazda“ своите „Skyactiv“ возила ги произведува во Јапонија, Мексико, Тајланд и во Кина, а нив ги продава на повеќе од 100 различни пазари и региони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП