29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИДобар старт на годината за Intel

Добар старт на годината за Intel

intel sk1

Компанијата „Intel“ остварила во првиот квартал од оваа година нето добивка од 1,9 милијарди долари и заработка од 38 центи по акција.

Приходот во тој период бил 12,8 милијарди американски долари, а оперативната добивка 2,5 милијарди долари.

Како што денеска беше соопштено од оваа компанија, „Intel“ генерирал околу 3,5 милијарди долари готовина, ги платиле дивидендите во износ од 1,1 милијарди и искористиле 545 милиони долари за откуп на 22 милиони обични акции.

„Во текот на првиот квартал забележавме солиден раст на приходите од дата-центрите, што сметаме дека тоа е знак за подобрување во областа на „PC“ работењето, а исто така испорачавме пет милиони процесори за таблети, надевајќи се дека ќе ја достигнеме целта од 40 милиони процесори за таблети во 2014-та“, изјави Извршниот директор, Брајан Кржаниќ.

Според неговите зборови, „Intel“ покрај тоа покажа одлучноста да ја развива соработката со големите компании со стратешката соработка со компанијата „Clouderа“.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП