24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗToyota: Corolla е најпродаван модел, а не Focus

Toyota: Corolla е најпродаван модел, а не Focus

corollaaa3

Ако очекувавте дека „Toyota“ ќе реагира на тврдењата на „Ford“ дека „Focus“ е најпродаваниот модел во светот во 2013-та година, бевте во право. Јапонската компанија објави два податоци добиени врз основа на два различни начини на сметање и двата покажуваат дека во 2013-та продадени се повеќе примероци на „Corolla“ отколку на „Focus“.

Врз основа на интернет податоците за продажбата, „Toyota“ тврди дека во претходната година на купувачите ширум светот им испорачала 1,22 милиони возила од моделот „Corolla“. Тоа е значително повеќе во однос на 1.097.618 примероци на моделот „Focus“, колку што „Ford“ има продадено во текот на 2013-та според агенцијата „Polk“.

Со оглед дека „Polk“ податоците за бројот на продадени возила го објави врз основа на новорегистрираните автомобили на светските пазари, „Toyota“ ја претстави и таа пресметка. Јапонската компанија дошла до бројка од 1.098.524 новорегистрирани „Corolla“ возила, што повторно е повеќе во однос на „Ford Focus“.

„Toyota“ во соопштение наведе дека во вкупниот збир на продадени „Corolla“ автомобили се пресметани и верзиите на овој модел на различните светски пазари, како што се „Corolla Axio“, „Corolla Altis“ и „Corolla EX“, како и караван верзиите „Fielder“ и „Rumion“.

Несогласувањата меѓу „Toyotа“ и „Ford“ околу тоа чии модел е најпродаван во светот се случија и при сметањето на резултатите од 2012-та, но и во текот на 2013-та кога беа презентирани податоците за продажбата во првата половина на годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП